МИА Најави - свет
- 18 септември 2025
18 септември 2025
Њујорк - Седница на Советот за безбедност на ОН за Сирија.
Москва - Средба на претседателот на Русија, Владимир Путин, со лидерите на политичките групи претставени во Долниот дом на Парламентот.
Тајпеј - Во главниот град на Тајван започнува тридневен саем на воздухопловните сили и одбранбената технологија.
Лондон - Втор ден од државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Обединетото Кралство, предвидена е средба со британскиот премиер Кир Стармер