• среда, 15 мај 2024
МИА Најави МКД

21 јуни 2023 

Скопје - Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со европратеници, олеснувачи на Процесот на Дијалогот Жан Моне (Сала на Уставна комисија /9:00)

-Кратка подготвителна сесија на европратениците олеснувачи на Процесот на Дијалогот Жан Моне, Марион Валсман, Илхан Ќучук со Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне (Кристална сала /9:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала на Уставна комисија/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 6/13:00)

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ќе го додели признанието „Повелба на Република Северна Македонија“. (Кабинет на Претседателот/10:00, пристигнување на медиумите /9:20)

Виница - Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе се обратат на настанот по повод доделување на социјални станови на семејства во Виница (Плачковички одред број 34, Виница /11:00)

Штип - Министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер ќе присуствуваат и ќе се обратат на презентацијата на новите лесни оклопни возила JLTV кои се составен дел од опремата на Армијата на Република Северна Македонија. (Касарна „Јане Сандански“/11:00, пристигнување на медиумите на влезот во касарната во Штип/10:40)

Скопје - Евроамбасадорот Дејвид Гир, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и народниот правобранител на Северна Македонија, Насер Зибери ќе се обратат на одбележувањето на крајот на проектот финансиран од ЕУ „ЕУ за човекови права: вклучување на концептите за недискриминација во законодавството“. (Европска куќа-Јуроп Хаус /9:30)

Скопје - Министерството за информатичко општество и администрација ќе одржи средба за втората фаза за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. (Клуб на пратеници/14:00)

Скопје - Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и Директорот на Бирото за развој на образование, Зекирија Хасипи  ќе се обратат на дебатата за промоцијата на Анализата: Политичко образование во Северна Македонија,во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Претседателскиот центар за политичко образование ПЦПО. (х.„Александар Палас“/11:00, изјави за медиумите/10:50-11:00)  

Скопје - Означување на пуштање во употреба на новиот производствен капацитет за производство на делови за автомобилска индустрија на „Теламон - Европа“ дооел Скопје и „Telamon Industrial Solutions“ од САД (ул.„8“,бр.24, 1040 Инџиково,Скопје/11:00-12:30)

Скопје - Свечено пуштање во употреба на реновираниот Оддел за ревматологија и кардиологија при ЈЗУ
Универзитетска клиника за детски болести – Скопје со донација од Комерцијална банка АД Скопје. (Универзитетска клиника за детски болести - Скопје, II кат/11:00)

Скопје - Институт за европска политика (ЕПИ) ќе одржи прес-брифинг за презентација на овогодинешниот „Извештај за мониторинг на реформата на јавната администрација 2021/2022“ во рамките на проектот ВЕБЕР 2.0, финансиран од ЕУ. (Јавна соба/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македоија-СОНК и Независниот академски синдикат - НАкС. (СОНК, ул.„Маџир Маало“ бр.36/11:00)

Берово - Во рамките на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија,часот ќе се реализира заедничка меѓународна вежба во регионот на општините Делчево и Берово, со акцент на гасење на шумски пожари. (Мачево, Општина Берово/12:30-15:00) 

Скопје - Europe House Скопје и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржат настан насловен „Учењето нешто ново секој ден и секојдневното живеење, одат заедно“. (Простории на Даут Пашин амам/18:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и дел од изведувачите кои од 22 јуни до 29 јуни ќе бидат дел од програмата ќе одржат прес-конференција по повод почетокот на Културното лето и роденденот на Општина Кисела Вода. (Поинт кафе, во Расадник, Кисела Вода/11:00)

Скопје - Промоција на книгата „Пресек“ од Маја Трајковиќ. (КИЦ, Салон Империјал 1/19:00) 

Скопје - Недела на бугарски документарни филмови. (Кинотека)

Битола - Прес конференција по повод Битола отворен град во организација на Младински културен центар - Битола. (МКЦ Битола/11:00)

Битола - Прес конференција на НУ Народен театар-Битола за „Шекспир фестивал“. (Клуб на актери/10:00)

Битола - Изложба „Оддо“ на авторот Здравко Круљ. (Офицерски дом/20:00)

Битола - Фестивал на музиката „Солстис“. (Плоштад „Магнолија“/20:00)

Скопје - ЦИВИЛ – Центар за слобода организира комеморација за Крешник Ајдини, интелектуалец, новинар и општествен деец. (Албански театар/13:00)

Скопје - Биг Бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје ќе одржи концерт насловен “Jazz & Roll“. (Плато пред Филхармонија Кафе Бар/21:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан