• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

21 октомври 2025

Скопје - Во  Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Лондон - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија.

Скопје - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе одржи брифинг со новинарите на кој  ќе присуствуваат ресорната министерка Сања Божиновска и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Северна Македонија. (простории на Министерството, спроти Старата железничка станица/10:00, по брифингот, околу 10:30 предвидени се изјави за медиумите)

Скопје - Академијата за судии и јавни обвинители организира работен состанок на тема „Пробација и условен отпуст“ на кој поздравни обраќања ќе имаат Ирина Трајкоска Стрезоски, директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија и Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда. (Академија за судии и јавни обвинители (ламела 1)/11:00-12:30) 

Скопје - Прес-конференција по повод премиерата на македонскиот долгометражен филм „Утре наутро“ од 2025 година, по сценарио и режија на Јани Бојаџи, продукции: Синемон медија фактори, Релолушн продакшн во соработка со Алфа Национална телевизија. (Книжарница „Литература мк“ во Дајмонд мол/10:00)

Скопје - Претставување и проекција на Видео арт преокти на Давор Тоциновски „Митот за Сизиф“ „Компаративно борбено надмудрување“ „Идентификацијa со Фидипид“. (Галерија „КО-РА“- голем салон/19:30)

Скопје - Отворање на изложбата „Македонија, Македонците, Македонскиот фронт низ објектив 110 години од формирањето на Македонскиот фронт во организација на Државниот архив на Република Северна Македонија. (хол на ТЦ Дајмон Мол/12:00)

Скопје - „Дон Кихот во Скопје“ - светска премиера на Концерт, изложба на слики и промоција на книга за деца. (Национална опера и балет, фоаје/19:00)

 

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан