• вторник, 15 септември 2026
МИА Најави МКД

1 септември  

Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Собрание, сала 5/13:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на доградбата на ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел. (10:00; предвидена изјава за медиумите)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на првиот училишен час во учебната 2026/27 година. (ОУ „Киро Глигоров“/9:00)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе ги поздрави учениците примени во Средното полициско училиште „7 Мај“ по повод почетокот на нивното образование. (На пистата во Полициската академија/11:30; предвидена изјава за медиумите – екипите да стигнат до 11:15)

Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство Сашо Клековски на која ќе информира за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава и други актуелни теми. (Министерство за здрвство, горна сала/10:30)

Скопје - Свечена изјава пред отпочнување на вршење на функцијата  ќе дадат повеќе избрани апелациони судии и Даниела Димовска новата претседателка на Основен кривичен суд Скопје.  (во Судски совет/10:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами ќе го посети ООУ „Реџеп Вока“ во село Шипковица, по повод почетокот на новата учебна година и воведувањето едносменска настава. (9:00; предвидена изјава зе медиумите)

Охрид -  Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков ќе присуствува на свечениот прием на првачиња во ООУ „Св. Климент Охридски“. (9:00)

Скопје - „Заедно во нова приказна! Среќно првачиња!“, настан во организација на Општина Кисела Вода посветен на првачињата. (Плоштад Расадник/18:00)

Скопје - Одбележување на 5-от роденден на Капитал Ассет Менаџмент. (х. „Мериот“/19:30)

Маврово - Свечено отворање на Светското првенство во крапски риболов – Маврово 2026. (Спортско игралиште на Спорт хотел/18:00)

___________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини