• четврток, 04 декември 2025

МИА домаќин на 33. Генерално собрание на АБНА-ЈИЕ

МИА домаќин на 33. Генерално собрание на АБНА-ЈИЕ

Скопје, 3 септември 2025 (МИА) - Медиумската информативна агенција - МИА оваа година е домаќин на 33. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции - Југоисточна Европа (АБНА -ЈИЕ), кое ќе се одржи денеска во Скопје.

Одлуката беше донесена минатата година на 32. Генерално собрание што се одржа во Истанбул, во организација на турската национална новинска агенција Анадолија.

Директорот на МИА согласно минатогодишната одлука е член на Управниот одбор на АБНА-ЈИЕ. За член на УО лани беше реизбран директорот на грчката новинска агенција АНА-МПА Амилиос Пердикардис. Во УО останува и директорот на Анадолија Сердар Караѓоз, кој и оваа година претседава со АБНА-ЈИЕ. Во управувачкото тело на Асоцијацијата на балкански новински агенции - Југоисточна Европа е и генералниот секретар на АБНА-ЈИЕ и генерален директор на бугарската новинска агенција БТА Кирил Влчев.

На 33. Генерално собрание на АБНА-ЈИЕ во Скопје ќе учествуваат првите луѓе на националните новински агенции од Балканот, Медитеранот и Европа или нивни претставници, вклучително и директорот на МИА Дарко Јаневски. 

Пред Генералното собрание ќе биде одржана Конференција на тема „Утврдување на вистината во нивинарството“, што ќе ја отвори генералниот директор на МИА, а потоа своите ставови ќе имаат можност да ги изнесат останатите претставници на агенциите. 

Во АБНА-ЈИЕ членуваат 12 новински агенции - МИА, АТА, Анадолија, ФЕНА, БТА, ХИНА, ЦНА, АНА-МПА, Косова прес, МИНА, Аџерпрес и АНСА.

На 30 генералното Собрание, кое се одржа во Бургас во 2022 година АБНА-ЈИЕ од неформална организација, која функционира над 30 години, стана и формално Асоцијација здружение, регистрирано, како правно лице, со свој Статут и правила на однесување на сите членки, но и критериуми, кои треба да ги исполнат оние кои во иднина сакаат да станат дел од оваа Асоцијација. На состанокот во Бургас беше изгласан Статутот, кој е креиран врз основа на правниот документ на Европската алијанса на новински агенции, со што всушност АБНА-ЈИЕ во своето работење се приближува кон европските стандарди и правила на Европската Унија. ац/са/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан