• петок, 10 мај 2024
МИА Најави – МКД
10 јуни 2021 Скопје - Продолжение на 43.седница на Собранието на Република Северна Македонија. (11.00) Скопје – Посета на Делегација на Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК) во Собранието на Република Северна Македонија. (Сала на Влада/10:00-10:30) Скопје - Посета на Делегација од Врховната Рада на Украина, предводена од Валериј Зуб во Собранието ан Република Северна Македонија. (сала на Уставна комисија/14:30) Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Седници на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/13:00 и 13:10) Скопје – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува на воената свеченост на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) со која ќе го одбележи Денот на единицата. (во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец/10:00, медиумите да пристигнат најдоцна/9:30) Неготино - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков ќе извршат увид на реконструкцијата на улицата „Антигона“ која се работи преку проектот за „Поврзување на општините со локални патишта“. (изјави за медиумите на ул. „Антигона“/10:45) Скопје – Прес-конференција на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија. (пред канцелариите КССМ, ул. „50-та Дивизија“ бр. 25/11:00) Скопје - Панел дискусија „Ранливите работници по корона-тобоган” во организација на Finance Think. (х. „Лимак“, изјави за медиумите/11:00-11:15) Скопје – Прес-конференција на ЗНМ по повод објавата на Годишниот извештај за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите за 2020 година. (х. „Солун“, на летната тераса/10:30) Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата. (пред МРТ, влезот од страната на МВР (коцката пред кеј на Вардар)/12:00) Скопје - Свечено отворање на ЗОО Паркот кон опкружувањето и аквапоника системот во СУГС „Браќа Миладиновци“. (11:00) Скопје - Научна конференција посветена на проф. д-р Рамиз Абдилит. (Институт за духовно и културно наследство на Албанците (ITShKSh), сала „Вилсон“/10:00) Скопје – „Звукот на идната генерација“ - концерт со студентите од државните факултети за музичка уметност. (Филхармонија/20:00) Скопје - Деветтото издание на фестивалот за феминистичка култура ПРВО ПА ЖЕНСКО #9. (ПичПрич слем: Гинеколошки приказни, МКЦ, плато/19:00, Промоција на албум + разговор: Weird Fishes - Мартина Бараковска/21:00, Концерт: YÖU/22:00) Скопје - Македонски визуелни уметници – Славица Јанешлиева. (Кафе книжарница „Буква“/20:00) Скопје - Свечено отворање на Ретроспектива на филмови на познатиот руски режисер Андреј Тарковски во рамки на Филозофски Филмски Фестивал. (Кинотека на РСМ/20:00) Скопје - Промоција на „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ. (книжарница „Литература.мк“/19:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан