• понеделник, 10 јуни 2024
МИА Најави МКД
24 декември 2020  Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе додели пехар на ученици од ОУ „Георги Димитров“ кои се победници на натпреварот „Имам став“ - симулација на процес на разгледување на Предлог – закон во Собранието, во организација на ИДЕА Југоисточна Европа.(сала „Длаборез“/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика за Извештајот на министерот за надворешни работи Бујар Османи за остварувањето на надворешната политика и меѓународната положба  на Република Северна Македонија.(сала „Борис Трајковски“/11:45) Охрид – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на промоција на пловни објекти. (изјава за медиуми пред Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, езерска полиција/12:00) Скопје - Претседателите на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и на Македонската академија на науките и уметностите МАНУ, академик Љупчо Коцарев, ќе потпишат меморандум за соработка меѓу двете институции. (МАНУ/11:00, изјави за медиуми по завршување на официјалниот дел) Скопје - Божиќна литургија во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“, предводена од бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов. (18:00) Скопје - Прес-конференција на ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, на која ќе бидат презентирани наоди од Извештајот за состојбата на Ромките на пазарот на труд.(хотел „Панорамика“/12:00, изјави за медиуми 11:30 до 12:00) Скопје -  Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и  приватни доктори по дентална медицина ќе одржи он лајн протест под мотото „Стоматологијата на респиратор“.(https://us02web.zoom.us/j/82473312064?pwd=VHlBb2VLVGlsd0gwSk9YRVptQmNjZz09/13:00) Скопје - Панел дискусија „Млади, перспективи…“, во организација на ЦИВИЛ. (хотел Сити Парк/12:00) Скопје –  Прес-конференција на Рурална Коалициjа и Една Може за старт на кампања „Едни поинакви пакетчиња за една поинаква Нова година“. (канцеларии на Една може!, Св. Кирил и Методиј 36/2-9 /11:30) Скопје – Прес-конференција  на градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов и Општина Карпош, Стефан Богоев, и на в.д. директорот на ЈП „Улици и патишта“, Бобан Црнчиќ. (крстосница помеѓу булевар „Илинден“ и улицата „Никола Парапунов“/13:00) Скопје – Отворање народна кујна во Општина Шуто Оризари. (до административната зграда на Општина Шуто Оризари/13:00) Скопје - Слоу фуд Македонија ќе промовира списание „Полжавче“. (/(https://zoom.us/j/92838324792?pwd=TGpwQ0g4ckpYQlRSVHd5VXlBTDNqZz09/18:00) Скопје - Новогодишен концерт на Филхармонија  во соработка со ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот. (сала на Филхармонија/20:00) ___________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан