13 јули 2020
Скопје - Примопредавање на норвешка донација за полската болница Rolle 2 и изјави на државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ, и шефот на Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ. (касарна Илинден/10:00/медиумите да пристигнат на влезот на касарната најдоцна до 09:30 часот)
Скопје - Прес-конференција на амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизќок. (Резиденција на Амбасадата на Република Турција.14:30 часот)
Скопје - Прес-конференција на здружението Зелена Лупа. (пред Врховниот суд/12:00)
Кавадарци - Презентација на проектот „Виртуелен музеј - наменет за Кавадарци“, на кој ќе учествуваа Јован Деспотовски – Директор на ФИТР, Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, Пенелопа Стаматовска - ВР Порт и Крсте Соколов - раководител на одделение за Угостителство и Туризам, општина Кавадарци. (Дом на култура, Кавадарци/12:30)
Велес - Ликовниот уметник Перовски Спасе го изложува уметничкиот проект „Зошто“. (во Младински парк – Велес/19:00)
Скопје - Електроакустичен концерт на пијанистката Дуња Иванова. (пред Младинскиот културен центар/21:00)
Скопје - Онлајн промоција на романот за деца „Изброј ги ѕвездите“ од авторката Лоис Лаури. (на Фејсбук страницата на „Литература.мк“/19:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***