Меџити: Ја реконструираме улицата „Банатска“ во Топаана за полесно движење и поиздржлива инфраструктура
- Кандидатот на владејачката коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска одблиску ги разгледа градежните работи кои се изведуваат за реконструкција на улицата „Банатска“ во населбата Топаана, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.
7 октомври 2025
Кандидатот на владејачката коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска одблиску ги разгледа градежните работи кои се изведуваат за реконструкција на улицата „Банатска“ во населбата Топаана, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.
Овој проект, со буџет од околу 3 милиони денари, се финансира преку вториот повик на Владата за поддршка на општините и има за цел да донесе видливи и позитивни промени во секојдневниот живот на жителите на Чаир.
Улицата ќе биде целосно асфалтирана со зајакната подлога, што ќе обезбеди долгорочна издржливост, како и подобрување на системот за одводнување со цел да се избегнат оштетувања при врнежи. Дополнително, сообраќајот ќе биде реорганизиран за да се зголеми безбедноста и удобноста за сите учесници во сообраќајот.
Според г. Меџити, овој проект значи полесно движење, побезбедни улици и трајна инфраструктура, како дел од поширокиот план за подобрување на комуналната инфраструктура во сите делови на Чаир.
„Секој проект што го реализираме има јасна цел, да му служи на граѓанинот“, истакна г. Меџити.