• недела, 22 декември 2024

Меџити: Со Канцеларијата на Обединетите нации реализираме многу проекти за подобрување на животната средина

Меџити: Со Канцеларијата на Обединетите нации реализираме многу проекти за подобрување на животната средина

15 ноември 2024 

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес учествуваше на денешниот состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој за петриодот 2026–2030, меѓу Обединетите Нации и Република Северна Македонија.

 Првиот вицепремиер Меџити на состанокот на кој беше присутен претседателот на Владата Христијан Мицковски и министрите, ги претстави приоритети на  Министерството  за животна средина и просторно планирање значајни за одржливиот развој кој е актуелен процес, во насока на подобрување на еколошкиот, економскиот и социјалниот аспект.

„На идните генерации треба да им оставиме избор од подобри можности, како и стабилен балансиран социо-економски развој, кој треба да овозможи пошироко поле за човекова активност, а сепак да ги почитува границите на природата и животната средина и да нема негативни ефекти врз човековото здравје“, изјави Меџити.

Република Северна Македонија, рече Меџити,  како држава-кандидат за полноправно членство во Европската Унија е исправена пред предизвиците на ефикасното спроведување на сериозни реформи во општествениот систем од кои особено значење за нејзиниот севкупен развој има животната средина.

„Со усвоените документи на национално ниво и нашето одобрување кон Зелената Агенда на Западен Балкан, нашата држава го препозна потенцијалот на зелениот раст и развој.  Знаејќи го влијанието на климатските промени, политиките на Владата треба да се насочат кон поодржливи политики, детерминирани и проектирани во националните стратегии“, изјави Меџити на состанокот, додавајќи дека секторските приоритети во областа на животната средина и климатските промени се целосно усогласени со Европскиот зелен план и Зелената Агенда за Западниот Балкан.

Меџити ја нагласи неопходноста од преземање на координирана акција на локално, регионално и глобано ниво, за превенција, намалување и ублажување на штетните влијанија врз животната средина.

На денешниот Состанок на високо ниво беа присутни владиниот кабинет и постојаната претставничка на Канцеларијата на Обединети Нации во Северна Македонија, Рита Колумбија заедно со претставниците на агенциите на Обединети Нации во нашата земја.

 

Министерство за животна средина и просторно планирање 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан