• среда, 15 мај 2024

Меџити: Ја замоливме компанијата набавувач побрзо да ги донесе лентите и апаратите за дијабетичарите

Меџити: Ја замоливме компанијата набавувач побрзо да ги донесе лентите и апаратите за дијабетичарите

Скопје, 8 неомври 2023 (МИА) - Mинистерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека се прават напори за побзра набавка на ленти и апарти за дијабетичарите.

- Проблемот со дијабетичарите го знаете, доцнел тендерот. Компанијата има рок од три до шест месеци што уште не е поминат, но нашите напори беа максимални, ја замоливме и компанијата за разбирање за да може побрзо да ги донесе тие ленти и апарати, рече Меџити, во одговор на новинарско прашање за проблемите на дијабетичарите.

Тој во неговата изјава при денешната посета на Клиниката за радиотерапија и онкологија потсети дека веќе се пристигнати 17 илјади ленти и апарати пред две недели и информираше дека тие веќе се распределени по инсулинските аптеки. сх/са/

Фото: МИА

Остани поврзан