• петок, 05 декември 2025

Меџити: Здравјето е нашето најскапоцено богатство, грижата за него треба да биде приоритет

Меџити: Здравјето е нашето најскапоцено богатство, грижата за него треба да биде приоритет

28 септември 2025

Првиот заменик премиер и кандидат на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска учествуваше на активност организирана во Паркот на Чаир, што имаше за цел подигање на свеста за важноста на грижата за здравјето, се наведува во соопштението од неговиот тим, што МИА го пренесува интегрално.

Во соработка со лекари, женски форуми, млади и волонтери, на граѓаните им беа понудени бесплатни рутински контроли, вклучувајќи мерење на крвниот притисок и основни анализи.

“Здравјето е нашето најскапоцено богатство и грижата за него треба да биде приоритет за секој од нас. Денеска видовме одблизу колку малку е потребно за да се направи голем чекор кон поздрав живот. Грижата за здравјето е најмудрата инвестиција што ја правиме - за себе, за семејството и за нашето општество,“ истакна Меџити.

Тим на Изет Меџити

Остани поврзан