• петок, 05 декември 2025

Меџити во Никуштак по повод отпочнување активности за расчистување на дивата депонија на локацијата

Меџити во Никуштак по повод отпочнување активности за расчистување на дивата депонија на локацијата

Скопје, 25 август 2025 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска ќе го посети село Никуштак, oпштина Липково, по повод отпочнување на активностите за расчистување на дивата депонија на оваа локација.

Како што соопшти Министерството за животна средина, станува збор за високо ризична локација, идентификувана во Националниот план за управување со отпад, која долги години претставува сериозна закана по животната средина и здравјето на населението, не само во Липково, туку и во поширокиот регион, вклучувајќи ја и општина Арачиново.

-Со оваа активност, Министерството започнува значаен проект за санација и безбедно управување со отпадот, како дел од подготовките за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад, стои во соопштението на Министерството. нд/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан