• сабота, 23 ноември 2024

Меџити: Акцелераторот е инсталиран на Клиниката за онкологија, исполнето уште едно ветување

Меџити: Акцелераторот е инсталиран на Клиниката за онкологија, исполнето уште едно ветување

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити информира дека во петокот, 22 декември 2023 година е завршена инсталацијата на линеарниот акцелератор на Клиниката за онкологија.

-Акцелераторот е инсталиран на Клиниката за онкологија, исполнивме уште едно ветување. Од страна на производителот и одговорните физичари во установата е потпишан Final Acceptance Certificate - документ со којшто се потврдува дека медицинскиот апарат е инсталиран во целосна согласност со сите спецификации на проектите, составен и инсталиран следејќи ги сите упатства и технички барања согласно производителот Varian Medical Systems, вели Меџити во пишаната изјава до медиумите.

Тој додава дека во наредниот период се очекува воведување во работата и започнување со зрачна терапија на пациентите. сст/

Остани поврзан