• сабота, 23 ноември 2024

Мејведер: Ако навивачите сакаат да го купам Њукасл, да ме побараат

Мејведер: Ако навивачите сакаат да го купам Њукасл, да ме побараат
Лондон, 9 март 2020 (МИА) - Флојд Мејведер, еден од најуспешните боксери во историјата на професионалниот бокс, сака да го купи англискиот фудбалски клуб Њукасл Јунајтед. Тој го рече ова за време на настан за медиуми во Велика Британија. Њукасл е во сопственост на англискиот милијардер Мајк Ешли, кој сепак не е сакан од скоро сите љубители на „црно-белите“. Неодамна, британските медиуми објавија дека Ешли бил во разговори со бизнисмени од арапскиот свет за да го продаде мнозинскиот удел, но засега нема договор. Во исто време, Мејведер откри дека му се допаѓа Њукасл и одамна размислува да ги инвестира своите пари во клубот. - Фудбалскиот тим на Њукасл е неверојатен, исклучителен. Ако навивачите сакаат да го купам, нека ме побараат, рече Мејведер. Според американската веб-страница „ТМЗ“, боксерот е навистина заинтересиран да стане сопственик на клубот од Северот на Англија, но досега не се реализирани официјални разговори. За време на неговата активна кариера, Мејведер заработи околу 1 милијарда долари.

Остани поврзан