• среда, 25 декември 2024

Меѓу последните ослободени заложници од Хамас има француски, германски и аргентински државјани

Меѓу последните ослободени заложници од Хамас има француски, германски и аргентински државјани

Газа, 27 ноември 2023 (МИА) – Меѓу 11-те израелски заложници кои Хамас ги ослободи вечерва од Газа има и неколку лица со двојни државјанства, соопшти на Х портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед Ал Ансари.

- Израелците ослободени од Газа вклучуваат 3 француски државјани, 2 германски државјани и 6 аргентински државјани, рече тој, додавајќи дека тие „се предадени на МКЦК“.

Тој, исто така, потврди дека, како што претходно соопшти Хамас, меѓу Палестинците кои беа ослободени од израелските затвори има 30 деца и три жени.

Според последните информации на ИДФ, ослободените заложници се на пат кон Израел. јт/

Остани поврзан