Меѓународна научна конференција за услужен сектор во Охрид
- Конференцијата е организирана од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, а ќе собере повеќе од 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји.

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Во Охрид денеска официјално ќе биде отворена XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024).
Конференцијата е организирана од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, а ќе собере повеќе од 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји.
-Овој настан ќе биде еден од најзначајните научни настани во Охрид во тековнава година, со големо влијание на развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во нашата земја туку и на глобално ниво, велат од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. дма/мд/
Фото: Плакат