• четврток, 04 декември 2025

Меѓународна ликовна колонија „Љубанци 2025“

Меѓународна ликовна колонија „Љубанци 2025“

Скопје, 16 јуни 2025 (МИА) - Во скопското село Љубанци од денеска до 22 јуни по петнаесетти пат ќе се одржи Меѓународната ликовна колонија „Љубанци“, настан кој прерасна во значајна културна традиција со меѓународен карактер.

Колонијата и оваа година ќе обедини реномирани уметници од земјата и странство. Настанот има за цел не само да ја промовира современата ликовна уметност, туку и да овозможи културна размена и соработка меѓу уметници од различни средини. 

Учесници на оваа ликовна колонија се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Харалампие Манчев - Хари, Емилија и Стојче Тоциновски, Боро Арсовски, Ахмед Кадри, Владан Ранѓеловиќ, Петар Ксиропота, Евин Ева Пешиќ, Зоран Бошковски, Маја Танева, Марија Светиева, Јован Наумовски, Петар Беслаќ, Павел Јовановски.

Колонијата „Љубанци“ е традиционално поддржана и спонзорирана од  Општина Бутел како нејзина активност и поддршка на ликовната уметност, а организатор е Градско здружение на ликовните педагози - Скопје.вј/

Фото: Колонија „Љубанци“

Остани поврзан