• недела, 22 декември 2024

Мецола: Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ

Мецола: Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ

Струга, 16 јуни 2023 (МИА) - Годинешниот „Преспа форум“ е особено важен, бидејќи се означува петтата годишнина од потпишување на Преспанскиот договор, којшто значи траен мир, стабилност и добрососедски односи во Југоисточна Европа, порача во видео обраќањето претседателката на европскиот Парламент, Роберта Мецола. Забележа дека овој договор е единствена политичка платформа, кадешто се бараат решенија и се разменуваат идеи со цел изнаоѓање на заеднички одговори.

-Политиката за проширување на ЕУ е една од најголемите и трансформативни успеси на ЕУ, многу европејци имаат извлечено корист и придобивки од тоа, потенцираше Мецола.

Забележа дека годинава се одбележуваат 20 години од Самитот во Солун, а токму како што вели, во овие години се вложени многу енергија и ресурси од страна на ЕУ и од Западен Балкан за да се пронајде заедничко решение.

-Постигнат е напредок, но многу често напредокот одеше премногу бавно и имаше многу фрустрации, но таму каде што има волја за помирување има и за пат кој оди напред. Западен Балкан го забрза својот пат за приклучување кон ЕУ, рече Мецола.

Посочи дека во Европскиот Параламент и ова е основната цел, како што рече Босна и Херцеговина доби статус на кандидат, додека граѓаните на Косово не треба да имаат визи за да патуваат во земјите од Шенген зоната.

-Дали она проширено европско семејство до 2030 година е невозможна мисија? Јас мислам дека е мисија, којашто одамно требаше да се случи и затоа треба да ја наречеме завршена мисија. Европскиот Парламент дава трајна поддршка за сите оние коишто сакаат да станат членови на ЕУ, порача Мецола. вдј/лв/

фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан