• петок, 05 декември 2025

Мециновиќ: Да почнеме да ги решаваме изворите на аерозагадувањето, а не симптомите

Мециновиќ: Да почнеме да ги решаваме изворите на аерозагадувањето, а не симптомите

9 октомври 2025

Вчеравечер, во рамките на своите народни средби во Аеродром, Центар и Кисела Вода, Мециновиќ презентираше дел од програмата #СкопјеСЕГА и повторно потсети дека досега се третирале симптомите, наместо изворите на аерозагадувањето, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално.

„Град Скопје го посочува прстот кон сиромашните, како тие да це виновни, наместо да работи на санкционирање на вистинските загадувачи. Мора да се зголеми бројот на инспекторите за животна средина, да се опремат со дронови за поефикасна работа на терен и да се унапреди соработката со Министерството за животна средина,“ истакна Мециновиќ. Тој информираше дека градот, поради актуелната регулатива, нема надлежност без Министерството да врши инспекциски надзори над индустриските загадувачи, кои се најголем извор на аерозагадување.

Мециновиќ додаде: „Повторно ќе истакнам дека со решавање на проблемот со јавниот транспорт - кој, патем, е главен фокус во нашата програма, ќе се реши поголем дел од проблемите во Скопје, вклучително и аерозагадувањето.“

„Среќен сум со текот на кампањата и сè поверојатно е дека влегуваме во втор круг!“ - заврши Мециновиќ.

https://youtu.be/82pQHuSujdg

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан