• понеделник, 23 декември 2024

Мет Дејмон „заглавен“ во Ирска, на задоволство на локалните жители

Мет Дејмон „заглавен“ во Ирска, на задоволство на локалните жители
Даблин, 16 април 2020 (МИА) - Холивудската ѕвезда Мет Дејмон деновиве се наоѓа во ирското гратче Далки, каде што постојано се дружи со околните жители кои, според нивните коментари - го засакале како свој. „Мет Дејмон е заглавен во Далки со недели. Снимањето на неговиот филм е ставено во мирување, па тој е во изолација со своите кучиња“, гласи еден коментар на Твитер. Глумецот, инаку го снимаше последниот филм на Ридли Скот - „The Last Fuel“ пред 27 март, кога подрачјето беше затворено поради мерките против коронавирусот.  си/ссм/

Остани поврзан