• петок, 15 ноември 2024

Мета се тестирал за коронавирус, па дарувал крв за децата болни од таласемија

Мета се тестирал за коронавирус, па дарувал крв за децата болни од таласемија
Тирана, 12 март 2020 (МИА) - Албанскиот претседател Илир Мета заедно со членовите на неговиот кабинет, во Националниот центар за трансфузиологија денеска даруваше крв за децата болни од таласемија. Откако од центарот излезе без заштитна маска и беше прашан зошто, тој објасни дека претходно е тестран за коронавирус и оти стои на предвиденото растојание од сите, па и од новинарите. Тој истакна дека тука дошле откако направиле тест за коронавирус и упати апел до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и да се придржуваат на мерките предложени од надлежните. - Дојдовме овде откако направивме анализа. Ви реков дека не стојам толку блиску. Луѓето треба да бидат внимателни и да се јавуваат на телефонскиот број 127. Треба да се размисли за уште еден број и секако да ги следиме сите препораки. Верувам дека сите заедно ќе ја надминеме оваа ситуација со многу поголемо внимание и без паника, изјави Мета. Оцени дека потребата од крв за децата заболени од таласемија е неопходност поради што треба да се дарува крв и да се покаже солидарност. вт/гт/

Остани поврзан