• недела, 24 ноември 2024

Мета: Нивото на јавниот долг може да доведе до сериозна криза во земјата

Мета: Нивото на јавниот долг може да доведе до сериозна криза во земјата
Тирана,  29 јануари 2022( МИА) - Албанскиот претседател Илир Мета изрази загриженост во врска со висотото ниво на јавниот долг, кој според него може да ја доведе земјата во сериозна криза.
Во изјава за медиумите, Мета вели дека нетранспарентноста од страна на министерството за финансии во однос на  нивотото на јавниот долг за 2021 година ја доведува во прашање финансиската стабилност на земјата.
 
Додава дека Албанија е втора во регионот, по Црна Гора, според високото ниво на јавниот долг.
 
- Показателите за долгот не се детално презентирани. Реалната вредност на јавниот долг на крајот на 2021 година може да се процени на повеќе од 84 отсто од Бруто домашниот производ( БДП). Загубите од изгубените случаи во меѓународните судови не се претставени. Вредноста за договорите за  јавно приватно партнерство( ЈПП) изнесуваат 45 отсто од БДП. ЈПП  и овозможи на Владата да преземе клиентелистички проекти, рече Мета.
 
Откако ја оценува состојбата како критична тој има барање до парламентот.
 
-Состојбата ја оценувам како критична и за да се спречи економско- финансиска бездна и натамошни социјални драми, барам од Собранието и од странските и домашни финансиски институции да соработуваат со цел реална и транспарентна проценка на јавниот долг, што е можно поитно, вклучувајќи ги сите актуелни и очекувани обврски, бара Мета.
Како што објави денеска министерството за финансии јавниот долг на Албанија  на крајот на 2021 година достигнал рекордно ниво од 80,1 отсто од Бруто домашниот производ, што е највисоко ниво во периодот на транзиција.  вт/

Остани поврзан