• понеделник, 23 декември 2024

Меркел телефонски разговарала со Мицотакис и Ердоган

Меркел телефонски разговарала со Мицотакис и Ердоган
Атина, 13 август 2020 (МИА) – За развојот на настаните во Источниот Медитеран, германската канцеларка Ангела Меркел, телефонски разговарала со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердогн, јави дописничката на МИА од Атина. -Господинот Мицотакис во пресрет на утрешниот вонреден состанок на Советот за надворешни прашања на Европската Унија, ја информираше госпоѓа Меркел за турските прекршувања, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер. Според турската новинска агенција „Анадолу“, Ердоган, за време на телефонскиот разговор со Меркел истакнал дека Турција верува во решавањето на проблемите во Источниот Медитеран во рамки на меѓународното право, базирано на дијалог и правичност. ср/ссм/

Остани поврзан