• петок, 05 декември 2025

Мекинтош постави трет светски рекорд во пливање за пет дена

Мекинтош постави трет светски рекорд во пливање за пет дена

Монтреал, 12 јуни 2025 (МИА) – Трикратната олимписка шампион Самер Мекинтош од Канада постави нов светски рекорд на 400 метри мешано. На државното првенство во Монтреал, Канаѓанката оствари резултат од 4 минути 23,65 секунди.

Претходниот светски рекорд за ова растојание исто така и припаѓаше на Мекинтош - тој беше 4 минути 24,38 секунди.

Мекинтош за пет дена собори три светски рекорди. Претходно, 18-годишната пливачка патеката 200 метри поединечно мешано ја помина за 2 минути и 5,7 секунди, а 400 метри слободно за 3 минути и 54,18 секунди. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан