• вторник, 03 март 2026

Мекени: Белата куќа силно го осудува насилството

Мекени: Белата куќа силно го осудува насилството
Вашингтон, 8 јануари 2021 (МИА) - Портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Кејли Мекени изјави дека претседателот и целата администрација го осудуваат насилството во Конгресот како „неамериканско“ однесување и побара лицата кои го прекршиле законот да бидат кривично гонети. - Ние тоа го осудуваме, претседателот и оваа администрација, најостро што може, посочи Мекени. Таа додаде дека однесувањето на демонстрантите е неприфатливо и оти прекршителите на законот треба да бидат процесуирани. Трамп синоќа на Твитер објави видео во кое директно ги осуди насилниците. - Тие кои извршија насилство не ја претставуваат нашата земја, а тие кои го прекршија законот, ќе платат, истакна Трамп. Тој првпат го призна поразот на претседателските избори. - Конгресот ги потврди резултатите. Новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари. Сега сум фокусиран на обезбедување непречено, уредно и беспрекорно предавање на власта. Ова е време за лекување и помирување, истакна Трамп. На 6 јануари приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот со цел да спречат верификација на победата на Џо Бајден, при што загинаа пет лица, а повредени се повеќемина. ми/

Остани поврзан