• понеделник, 23 декември 2024

Меган Трејнор е бремена

Меган Трејнор е бремена
Лос Анџелес, 8 октомври 2020 (МИА) - Американската пејачка Меган Трејнор и нејзиниот сопруг Дерил Сабара, момчето ѕвезда од филмот „Деца шпиони“, го очекуваат своето прво дете. Меган во интервју за „Шоуто на Хода и Џена“ вели дека тие двајца „не можат да спијат“ од возбуда. Таа во повеќе наврати напомнуваше дека сака големо семејство. - Знаете како велам јас!? Ајде да ги направиме одеднаш. Сакам близнаци или тројка, вели пејачката. Меган и Дерил се венчаа 2018 година. Таа открива и дека на Божик, пред Нова година, ќе објави две нови песни. Новиот нејзин албум пак, под наслов „A Very Trainor Christmas" излезе на 30 октомври. си/

Остани поврзан