МД „Преспа": Изборната победа потврда дека народот препознава визија, храброст и искреност
- Претседателот на Македонското друштво „Преспа" од Пустец, Едмонд Темелко од име на Македонците упати честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за изборната победа.
Дебар, 20 октомври 2025 (МИА) - Претседателот на Македонското друштво „Преспа" од Пустец, Едмонд Темелко од име на Македонците упати честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за изборната победа.
„Честитки за изборната победа, која е потврда дека народот препознава визија, храброст и искреност. Со надеж за продолжување на соработката и уште посилна поддршка за Македонците од Албанија" напиша Темелко во објава на Фејсбук.
Додава дека со гордост споделува видео од 27 јули – „денот кога Пустец го пречека македонскиот херој на современото време, премиерот Христијан Мицкоски на Македонскиот фолклорен фестивал".
- Во мојот говор тогаш искрено реков – кога водач стои со својот народ, историјата го запишува. Тој ден ја почувствувавме државата блиску, со срце и душа, нагласува Темелко. вт/рп/
Фото: Принтскрин од ФБ на Темелко