• понеделник, 23 декември 2024

МВС мораше да го смени правецот за да ги избегне остатоците од соборениот руски сателит

МВС мораше да го смени правецот за да ги избегне остатоците од соборениот руски сателит
Москва, 17 јуни 2022 (МИА) – Меѓународната вселенска станица (МВС) беше принудена да го смени правецот за да ги избегне остатоците од советскиот шпионски сателит што беше контроверзно соборен од руската војска пред седум месеци. - Моторот на вселенското летало Прогрес, што беше прикачен на МВС, а беше стартуван за да ја смени траекторија и да ги избегне остатоците од сателитот Космос 1408, објави на Телеграм директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин. Руската армија го урна сателитот, што не беше оперативен, на 15 ноември 2021 година. САД тогаш го критикуваа потегот, предупредувајќи дека сателитски фрагменти може да ја загрозат МВС и меѓународниот тим астронаути стационирани таму. На Меѓународната вселенска станица во моментот има седум астронаути - тројца Руси, тројца Американци и еден Италијанец. Кога вселенската станица првпат поминала низ полето со остатоци, на екипажот му било наредено да ги облече вселенските одела и да влезе во капсулата на МВС наменета за бегство заради нивна безбедност. Руската војска негираше дека постои каква било опасност за Меѓународната вселенска станица. ми/

Остани поврзан