МВР: Приведен велешанец за издржување затворска казна од осум години
- Полициски службеници од СВР Велес вчера попладнето во 17.50 часот, го привеле Г.Ш.(45) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од осум години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ од која настанале смртни последици.

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес вчера попладнето во 17.50 часот, го привеле Г.Ш.(45) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од осум години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ од која настанале смртни последици.
Како што информираат денеска од МВР, лицето било спроведено во Казнено - поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната. сст/дма/
Фото МИА архива