МВР билтен
- Вчера во Скопје на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Н.(18) од Кратово и Љ.Г.(41) од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја и семки од канабис.
Скопје, 30 август 2025 (МИА) - Вчера во Скопје на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Н.(18) од Кратово и Љ.Г.(41) од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја и семки од канабис. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 22.20 часот во село Требош, тетовско, лишиле од слобода 17-годишен малолетник затоа што кај него се пронајдени и одземени 17 паковски со опојна дрога марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Битола вчера во 19.00 часот во градскиот парк во Битола го лишиле од слобода Ш.А.(38) од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
Во два одвоени случаи во Велес вчера од страна на полициски службеници при СВР Велес од слобода се лишени лицата С.Г. (27) и А.М. (22) двајцата од Велес затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, како и зелена растителна материја. Тие се приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Полициски службеници од ОВР Неготино, вчера во 09:50 часот, во Неготино го лишиле од слобода И.П.С.(34) од Скопје, а по претходна пријава од неговата 36-годишна поранешна сопруга, според која тој дошол во нејзиниот дом во Неготино шри што и упатил закани и физички ја нападнал. И.П.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Неготино и по документирање на настанот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера околу 13:20 часот настанат е пожар на помошни простории (летна кујна, шталa и гаражи) лоцирани во дворното место од куќа сопственост на С.К. (44) од село Канатларци, прилепско. Во 15:35 часот пожарот е целосно изгаснат при што констатирано е дека помошните простории биле целосно изгорени, а причинетата материјална шета е проценета на околу 5.000.000 денари. Извршен е увид од вешто лице и екипа на ОКТУПА.
На граничниот премин Долно Блаце вчера во 20.20 часот на влез во државата полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.В.(30) од Шведска поради тоа што при извршена гранична контрола констатирано било дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Финска. Тој бил предаден на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка за понатамошна постапка.
Н.М. (33) од село Слатино, тетовско, вчера во 19:30 часот во СВР Тетово пријавил кривично дело „измама“ (предвидено и казниво по чл.247 ст.1 од КЗ на РСМ) извршено над него од страна на лицата И.А. и Е.А. од село Шемшово, тетовско, при што бил оштетен за износ од 2.000 евра. Според наводите во пријавата во текот на април месец годинава од страна на пријавените купиле од Н.Д. столариски алат во висина од 4.500 евра од кои што му исплатиле 2.500 евра, иако во меѓувреме дознал дека пријавените купениот алат го препродале. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
В.Б. (45) од Гостивар вчера во 15:00 часот во ПС Гостивар пријавил дека истот ден околу 14:00 часот на ул„ Илинденска“ во Гостивар во сервис за возила, по кратка вербална расправија бил физички нападнат од страна на лицето В.И. (71). По превземени мерки од страна на полициски службеници В.И. е приведен во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.
С.Б. (52) од Гостивар вчера во ПС Гостивар пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот на улица „Циглана 1“ пред простории на хуманитарно здружение, тој и неговата сопруга С.Б. биле физички нападнати од две женски лица. По превземените мерки од страна на полициски службеници приведени се лицата С.Е. (29) и З.Е. (37) и двете од Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Д.Н.(19) од Скопје пријави дека вчера околу 22:00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје вчера во 11:30 часот е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ј.(41) од една страна и А.Т.(49) и Н.А.(38) од друга страна сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Д.Г. (88) од Велес вчера во СВР Скопје пријавила дека на 27.08.2025 година околу 10:00 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во која што како учесник прегазила четиригодишно дете и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра. Откако пријавителката рекла дека нема толку пари, односно дека има околу 2.700 евра добила „инструкции“ од лицето парите да ги донесе во Скопје во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, што пријавителката и го сторила. Околу 11:50 часот пријавителката пристигнала во кругот на болница и по насоки на лицето кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци а потоа со автобус се вратила во Велес. Се работи на расчистување на случајот.
В.С. (50) од Куманово вчера во 14:00 часот, во СВР Куманово пријавила дека нејзината ќерка Т.З. (22) од Куманово се оддалечила од здравствена установа од Скопје каде што била на лекување. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Б.Ц. утрово во 05:10 часот во СВР Куманово пријавил дека на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово има опожарено возило марка „ланд ровер“ сопственост на А.Г.. Пожарот е локализиран од страна на сопственикот и негов сосед. По насоки на дежурен ЈО увидна екипа на ОКТУПА при СВР Куманово извршила увид на лице место при што е констатирано дека пријавениот пожар е подметнат од страна на НН сторител на начин што со непозната течност возилото е испрскано во различни, по што течноста е запалена, а сторителот без да биде забележан од никого се оддалечил од местото на настанот. Причинета е материјална штета околу 120.000 денари.
А.С.(42) од с.Кондово,скопско вчера во 21:24 часот во СВР Скопје пријави дека на кровот од помошна просторија во неговиот двор пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје зрното е подигнато од местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:30 часот во Полициската станица Кисела Вода извршен е разговор П.Д.(26) од Скопје по претходна пријава дека околу 11:00 часот во здравствена установа на подрачјето на Центар му упатувал закани на Д.Д.(42) од Скопје вработен како лекар кој бил на своето работно место. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 15:10 часот во Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Д.А.(47) од Скопје затоа што откако претходно полициски службеници го сопреле пријавениот поради сторен сообраќаен прекршок истиот им упатувал закани, а притоа ги снимал со неговиот мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 18:20 часот во село Визбегово, скопско, лишиле од слобода 17-годишен и 15-годишен малолетник, двајцата од скопско поради постоење основи на сомнение дека истиот ден околу 16:40 часот со употреба на физичка сила, од У.Д.(23) од Скопје кој извршувал работни задачи како доставувач на пратки, му го одзеле ранецот со пратки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
С.Х.Д.(32) од Шведска, со моментален престој во Дебар, завчера во 19:50 часот, во СВР Битола пријавил дека на улицата „Широк сокак” во Битола, му пристапиле неколку непознати лица на возраст од околу 20 години кои што сакале да му ја соблечат маицата што ја носел а на која имало исцртани симболи на друга држава. Според пријавителот откако увидел дека не може да се одбране од лицата ја соблекол маицата и им ја дал. по што тие заминале во непознат правец. Се вршат проверки за настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.вј/
Фото: МИА архива