• петок, 22 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Вчера во 12.30 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Б., на возраст од 45 години од Центар Жупа, затоа што при гранична контрола и проверка, констатирано било дека идентификацискиот број на патничко возило „ферари 488 спајдер“ со германски национални ознаки, кое го управувал, бил фаслсификуван. Возилото било одземено, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР - Куманово за понатамошна постапка.

Вчера во девет часот во Демир Капија, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода Г.А., 18-годишно лице од Кавадарци, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Од лицето биле одземени предмети за што постои сомнение дека се поврзани со делото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. По негово целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.С.,34-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19 април, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Вчера во 16.30 часот на место викано „Бриставец“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Маздрача при Регионалниот центар за гранични работи - Север во содејство со мотопатролна служба на Национален парк „Шар Планина“ ги привеле В.Б.(38), Б.Н.(56), К.Н.(28) и А.Б.(64), сите од Република Албанија, поради сторен прекршок по член 104 од Законот за заштита на природата и илегално преминување на државната граница помеѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.  Тие биле затекнати како собираат шумски плодови без соодветна дозвола што ја издава Национален парк „Шар Планина“, а во нивното возило „нисан навара“ со албански национални ознаки, биле пронајдени шумски плодови. Пронајдените плодови биле предадени на националниот парк, а лицата биле предадени на Полициската станица - Гостивар за понатамошна постапка.

Вчера во 9.25 часот во Полициската станица - Ресен било пријавено дека на улица „29 Ноември“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ј., на 80-годишна возраст и велосипед управуван од Д.Б.., на возраст од 79 години. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во „Специјална болница Свети Еразмо“ во Охрид. Увид извршила екипа од ОВР - Ресен.     

Рано изутринава во 1.35 часот во СВР - Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – село Јажинце, во тетовско Пршовце, мотоцикл „јамаха“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.П., на возраст од 31 година од село Доброште, удрил во домашно животно, сопственост на А.Џ., 48-годишно лице од Пршовце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот. констатирани во Клиничката болница - Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР - Тетово.

СВР - Велес поднесе кривична пријава против Х.М., на возраст од 27 години и З.Б., 43-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12 август, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

Вчера во 16.10 часот во СВР - Велес, 76-годишен велешанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.000 денари. Според пријавеното, лицето дошло во неговиот двор и му понудило да му продаде шест кубни метри огревно дрво по цена од 3.000 денари за кубен метар. Како што е пријавено, откако му ги дал парите, лицето му кажало дека ќе оди да ги товари дрвата, по што заминало и не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници вчера ги лишиле од слобода Т.С., на возраст од 41 година и И.А., 20-годишно лице, двајцата од Свети Николе, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска околу 1.10 часот пред угостителски објект на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ги привеле О.Х., на возраст од 29 години од Скопје и М.Б., 18-годишно лице од скопско Блаце, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со А.А., 24-годишно лице од Скопје и А.В., на возраст од 23 години од село Блаце. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

СВР - Штип поднесе кривична пријава против Ф.Д., 20-годишен штипјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 26 јули, по претходна расправија, пријавениот упатувал закани на неговиот татко и ја оштетил влезната врата од куќата.

Вчера во 12.10 часот во Полициската станица - Аеродром, М.Д., 51-годишна скопјанка, пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на оваа општина, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15.15 часот во Полициската станица - Чаир, М.И., 43-годишен скопјанец, пријавил дека на ова подрачје бил физички нападнат од И.И., 57-годишно лице, исто така од главниот град на државава. Исто така, во полициска станица и И.И. пријавил дека на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од М.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во СВР - Штип било пријавено дека на 14 август во градот, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ж.М., 47-годишно лице од ресенско Стење и Р.Л. од Штип. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против П.Б., 68-годишно лице од главниот град на државава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 31.10.2023 во Скопје, 72-годишната Л.С. била нападната од две кучиња, сопственост на пријавениот.

Синоќа во 18 часот во СВР - Скопје, И.М., 38-годишна скопјанка, пријавила дека на 14 август околу 23.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од И.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 20.30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на 14 август во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, 68 - годишна скопјанка, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот син В.Е., на возраст од 44 години.  По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 12 часот во Полициската станица - Карпош, В.А., 45-годишна скопјанка, пријавила дека на 14 август околу 21.50 во станбена зграда на подрачјето на оваа општина, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од С.М. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против А.А., 28-годишно лице од главниот град на државава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 08.09.2023, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој вршел службени дејствија.

Вчера во 18.04 часот во Полициската станица - Пробиштип било пријавено дека на 11 август во дворот на семејната куќа, Р.А. бил физички нападнат од Ј.А., на возраст од 39 години. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Рано изутринава во 3.36 часот во СВР - Скопје, од граѓанин било пријавено дека било забележано едно лице како намерно запалило сува трева во расадникот на булевар „Борис Трајковски“ во градот. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита - Скопје, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР - Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17.30 часот во СВР - Скопје, Х.Д., 30-годишен скопјанец, пријавил дека во градинка на подрачјето на Гази Баба, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15.50 часот во СВР - Штип, В.Д., 61-годишен штипјанец, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко С.Д., на возраст од 86 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан