• четврток, 21 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 16 април 2023 (МИА) - Од Општа болница Кочани вчера во 20:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Ј.(73) од Оризари, кочанско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од трактор во Оризари. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани и се работи на расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 53 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкциja, седум мерки за возење без возачка дозвола...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци синоќа во 1:30 часот во Кавадарци ги привеле А.Ш.(26) и Д.Т.(36), двајцата од Кавадарци, затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, во која учествувал и М.Ѓ.(32) од Кавадарци. а А.Ш. се однесувал агресивно кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од Полициската станица Берово синоќа во 1:00 часот на Градскиот плоштад во Берово го привеле А.Ч.(36) од Берово затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Тетово утрово во 7:00 часот во Тетово го лишиле од слобода И.Ч.(27) од Тетово затоа што претходно го нарушил јавниот ред и мир, оштетил стакло на угостителски објект и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 11:00 часот ја лишиле од слобода Х.Д.(43) од Скопје затоа што физички ја нападнала нејзината 73 - годишна мајка. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера во 14:10 часот во Кочанско го лишиле од слобода А.Г.(31) од кочанско затоа што физички ја нападнал неговата 60-годишна мајка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Т.Д.(18) од Гевгелија вчера во 11:00 часот во Полициската станица Гевгелија пријавил дека околу 3:00 часот во близина на угостителски објект на ул.„Вардарски рид“ бил физички нападнат од Ј.У. од село Богородица, гевгелиско. Се работи на расчистување на случајот.

Г..A.(18) од Скопје вчера во 3:00 часот во СВР Скопје пријавил дека на 14.04.2023 во Градскиот парк, по претходна расправија за девојка, тој и П.Д. биле физички нападнати од неколку лица, кои им се заканиле и со остар предмет. Се преземаат расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера во 12:30 часот било пријавено дека во Парк шума Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Х.Т.(49) од Скопје и Д.Н.(34) од Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

М.А.(41) од село Баница, струмичко, вчера во 23:10 часот во СВР Струмица пријавил дека околу 19:10 часот во село Баница бил физички нападнат од Ј.М., кој употребил и дрвен предмет. Се работи на расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 21:15 часот го привеле М.К.(28) од Скопје затоа што во двор на верски објект на бул.„Партизански одреди“ го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните во објектот. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од ОВР Струга денеска го лишиле од слобода Ж.В.(30) од Скопје поради сомнение дека во вечерните часови на 15.04.2023 противправно задржал 19-годишна девојка од Охрид, со која се познавале, во викенд куќа во струшко село, во која неколку часа претходно заедно влегле со употреба на сила. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пред угостителски објект во село Кривогаштани, вчера во 4:30 часот Х.П. физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

З.И.(45) од Битола вчера во 22:50 часот во СВР Битола пријавил дека на ул.„Васко Карангелевски“ бил каснат од куче скитник.

К.Ѓ.(28) од Куманово вчера во 18:30 часот во СВР Куманово пријавил дека на улица „Пиринска Македонија“ бил каснат од куче скитник.

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 22:00 часот го лишиле од слобода Е.Џ.(27) од Прилеп затоа што се обидел да изврши полово дејствие врз малолетничка од Прилеп. Лицето било задржано во Полициска станица и по координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје вчера во 11:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димо Хаџи Димов“ настанал пожар во куќа сопственост на А.С.(66) од Скопје. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

А.Р. од Скопје вчера во 23:20 часот во СВР Скопје пријавил дека на ул.„М.Митевски" било опожарено неговото патничко возило "Мерцедес" со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

С.С.(49) од Гостивар вчера во 11:45 часот во Полициската станица Гостивар пријавил дека на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ бил каснат од куче скитник.

Б.Г.(37) од Струга вчера во 19:45 часот во полициска станица пријавила дека на улицата „Боро Хаџиевски“ во Струга била касната од куче скитник.

Вчера околу 8:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на ул.„Коце Металец“ две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

А.А.(39) од Кичево вчера во 22:35 часот во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан