• среда, 17 јули 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 23 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода И.Д.(42) и А.А.(43), двајцата од Скопје. При претрес во домот на И.Д, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага. Исто така, во домот бил затекнат А.А.. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во реонот на вештачкото езеро во Прилеп ги затекнале Н.Ј.(44), И.К.(25),С.А.(25) и Ѓ.И.(29), сите од Прилеп, при нелегален транспорт на огревно дрво, со едно моторно возило и четири запрежни коли. Дрвата, моторното и запрежните возила, како и три моторни пили, биле одземени и предадени на Шумска полиција Прилеп за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полициски службеници вчера околу 14:00 часот, при контрола во патниот сообраќај на локален пат во општина Вевчани сопреле товарно возило „мерцедес“, кое вршело транспорт на огревно дрво, управувано од С.Ц.(24) од струшкото село Октиси. По извршени проверки било констатирано дека тој вршел нелегален транспорт на огревно дрво, за што е известена Шумската полиција од Струга. По комплетно расчистување на случајот, согласно Законот за шуми, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера околу 16:30 часот го лишиле од слобода 35-годишниот М.О. од гостиварско Дебреше, кој претходниот ден бил пријавен од 60-годишен турски државјанин, заедно со 26  негови сонародници, дека со уште едно лице од Гостивар ги измамиле и не им го платиле договорениот износ за извршување градежни работи на гостиварското подрачје. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Вчера на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 20 прекршоци од кои 12 надвор од населено место и 8 во населено место. Истиот ден, во периодот од 10:00 до 14:00 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци. Притоа биле санкционирани 4 возачи. Санкционирани биле и 23 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 3 за користење мобилен телефон…

На подрачјето на СВР Тетово вчера во периодот од 10:00 до 14:00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци. При контролата биле откриени и санкционирани 17 прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-1). На сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци.

Во ОВР Прилеп вчера во 22:55 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Петар Ацев“ и ул. „Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“, управуван од П.И.(19) од Прилеп и патничко возило „мицубиши“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од О.С.(40) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот П.И., додека со телесни повреди се здобиле А.П.(18) од Прилеп, сопатник на мотоциклот, возачот О.С. и неговиот сопатник С.С.(27) од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

СВР Куманово поднесе кривичнa пријавa против Д.З.(31) од Холандија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.06.2023 на граничен премин „Табановце“, полициски и царински службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген поло“, кое го управувал, при што кај него биле пронајдени и одземени кокаин и хашиш.

Д.П.(74) од Скопје утрово во 10:00 часот во Полициската станица Драчево пријавил дека во населба Драчево бил каснат од куче скитник.

Во СВР Охрид вчера во 11:30 часот било пријавено дека на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, патничко возило „киа“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувала Е.К.(60) од Струга, удрило во велосипед, управуван од С.И.(76) од Охрид. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Џ.У.(49) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на фалсификувана исправа“. На 11.02.2023 на патот Ресен-Прилеп, по случена сообраќајна незгода, пријавениот на увид приложил претходно поништена возачка дозвола, односно ја приложил дозволата за која во септември пријавил дека му била изгубена и врз основа на тоа му била издадена нова, а таа била поништена.

Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 17:49 часот било пријавено дека пред основно училиште на подрачје на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Р.(29) од село Баница, струмичко и А.Ѓ.(44) од Скопје, при што Д.Р употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан