• четврток, 21 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 19 февруари 2021 (МИА)- На 18.02.2021 во 22.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.С.(20) и Ч.М.(18), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 03.02.2021 со употреба на сила и подесен алат влегле во гаража на ул.„Пелинска“ во Куманово, сопственост на Н.Ф. и одзеле разни предмети. Тие биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 18.02.2021 на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот, при што биле констатирани 28 прекршоци. За време на контролата биле констатирани и девет останати прекршоци. На 18.02.2021 Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, реализира акциска контрола кон такси превозници кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, на регионалниот пат Охрид-Струга, во нелегален такси превоз, без соодветна лиценца за превоз на патници во внатрешниот сообраќај, затекнати се А.П.(53) од Струга кој, превезувал патници со своето возило „сеат“, со струшки регистарски ознаки, како и А.П.(30) од Струга, кој со својето возило „мерцедес“ вршел нелегален такси превоз на патници на релацијата Охрид-Струга. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.Х.(23) и Б.Х.(46), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 14.02.2020 во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин и вага со траги од кокаин. На 18.02.2021 во СВР Битола, Д.Х.(76) од Битола пријавила дека во периодот од мај 2020 до јануари 2021 година нејзина сосетка во повеќе наврати земала поголем износ на пари и накит од неа, при што ја довела во заблуда со лажно прикажување и прикривање факти за заемот, поради што смета дека е измамена. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 18.02.2021 во 04.32 часот во СВР Скопје, вработен во Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ пријавил дека настанал пожар во затворската кујна. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во пожарот со повреди се здобил Ј.Б., вработен во затворот, кој бил пренесен во поликлиника „Ченто“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот. СВР Скопје – ЕВР Гази Баба поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“, „фалсификување исправа“ и ,,употреба на исправа со невистинита содржина“. На 07.08.2020 на Меѓународниот аеродром во Скопје, пријавениот склучил договор со фирма за користење на патничко возило „ауди А5“ за период од 07.08. до 15.08.2020 и за услугата платил 34.389 денари, но возилото не го вратил и со смс-порака го известил вработениот дека возилото го продал на лице од Тетово. На 18.02.2021 во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба, од Градска општа болница „Св. Наум Охридски" било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(32) од Скопје. Според пријавеното, тој се повредил додека бил на работното место во маркет на улица „15 Корпус" во Скопје. Увид бил извршен. На 19.02.2021 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во периодот 02/03.02.2021 од подружница на Пошта на ул.„Никола Карев", непознат сторител одзел два мотоцикла, сопственост на АД „Пошта на Северна Македонија“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.П.(21) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 19.10.2020 полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и вага со остатоци на амфетамин. На 18.02.2021 во 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Скопје, затоа што се обидел физички да го нападне неговиот 46–годишен татко, а при обид да го спречи нападот со повреди се здобил неговиот 18-годишен брат. Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 19.02.2020 во 09.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на подрачјето на Центар едно лице со закана кон вработениот одзело пари. Се работи на расчистување на случајот. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Х.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.11.2020 во Тетово, пријавениот со тврд предмет го искршил стаклото од излогот на слаткарница, сопственост на Ш.А.(57), додека тој бил внатре со својот внук и неколку гости. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.М.(28) од с.Орашје, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 21.09.2018 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. СВР Велес поднесе кривична пријава против З.Д.(47) од Градско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“, З.Ж.(39) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и против О.Н.(33) од Градско, управител во угостителски објект во Градско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 02.01.2021, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект, при што биле затекнати повеќе лица – гости. Откако им било укажано за непочитувањето на мерките донесени од Владата, З.Д. физички нападнал полициски службеник, додека З.Ж. ги спречил полициските службеници да преземат службени дејствија против З.Д.. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Е.С.(21) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.12.2020, полициски службеници извршиле контрола на местото каде престојувал пријавениот, но не го пронашле и покрај тоа што имал решение за изолација. На 19.02.2021 околу 02.30 часот во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода Љ.Р.(32), Д.Р.(37) и Џ.И.(32), сите од Охрид, затоа што физички ги нападнале Ј.С.(44) од Охрид и полициски службеници од СВР Охрид, кои излегле на местото по пријава дека патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, што го управувал Љ.Р., удрило во паркирано патничко возило „рено канго“, со охридски регистарски ознаки, сопственост на Ј.С. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.И.(52) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 28.09.2020 на бул.„Словенија“ во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. На 18.02.2021 гoд. во 13.40 часот на ул.„Никола Карев“ во Велес при легитимирање на З.П.(60), истиот го турнал полицискиот службеник и се дал во бегство, но набрзо бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Кога З.П. бил донесен во полициската станица му се слошило и била повикана екипа на итна медицинска помош која откако му пружила помош го пренела во Медицински центар во Велес, каде по кратко време починал. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина. На 18.02.2021 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на подрачјето на Чаир едно лице со закана одзело пари од вработениот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. свс/сст/

Остани поврзан