• понеделник, 23 декември 2024

Маџиров: Поезијата на Таникава е високо софистицирана и полна со лирски и звучни асоцијаци

Маџиров: Поезијата на Таникава е високо софистицирана и полна со лирски и звучни асоцијаци
Охрид, 28 август 2022 (МИА) - Поезијата на Шунтаро Таникава, добитникот на „Златниот венец“ на 61. Струшки вечери на поезијата, е високо софистицирана и полна со лирски и звучни асоцијации, истакна синоќа македонскиот поет Никола Маџиров, на традиционалното поетско претставување на лауреатот на највисокото поетско признание во земјава, во црквата „Света Софија“ во Охрид. Поезијата на јапонскиот поет, додаде Маџиров, патува како неуловена птица низ омеѓените простори на јазиците, како семе посеано во ноќта што нечујно се преобразува во музика, во филм, во слика или калиграфско писмо, во вознемирувачка или успокојувачка тишина. - Тој е најпродуктивниот и најиновативниот современ поет од Јапонија, чии стихови се појавуваат и во школски учебници и во мас-медиумите, но и во прогресивните книжевни списанија чиј канон се состои во рушењето на каноните, истакна Маџиров. Во неговите книги, посочи, свесно и храбро усвојува различен модус, стил и стиховна хармонија. - Иако неговите зборови се јасни, исчистени од формалност и фигуративност, а неговите стихови лесно се разбираат, сепак неговата поезија е високо софистицирана, остро исцртана како разгранети корења кон небото. Полна е со лирски и звучни асоцијации и со иновативни игри на зборови, но под ритамот на песните течат длабоки филозофски мисли и емотивни копнежи, рече Маџиров. Во име на лауреатот, кој поради возраста не присуствува на манифестацијата, неговиот син Кенсаку Таникава, читаше песни од својот татко, а потоа изведе и композиции на пијано. Тој во име на својот татко, вечер на Мостот на поезијата, на традиционалното поетско читање „Мостови“ ќе го прими највисокот признание „Златен венец“. сс/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан