• петок, 22 ноември 2024

Мајкл Џ. Фокс: Не можев да паднам пониско од ова

Мајкл Џ. Фокс: Не можев да паднам пониско од ова
Лос Анџелес, 5 ноември 2020 (МИА) - Мајкл Џ. Фокс, можеби најпознат по филмот „Враќање во иднината“, откри дека е благодарен што ги поминал најмрачните моменти во животот, откако му бил отстранет туморот на ’рбетот. Зборувајќи за списанието „Пипл“ за неговите борби во животот, 59-годишниот глумец објасни оти многу лошо му паднало и тоа кога ја скршил раката. - Тогаш, просто, пукнав. Бев потпрен на ѕидот во мојата кујна, чекајќи да дојде брзата помош и чувствував дека не можам да паднам пониско од ова. Се чувствував како да нема светло за мене на крајот од тунелот, затоа што во исто време имав и Паркинсон, отстранет тумор, а сега и скршена рака, раскажува тој. Но, и покрај миговите кога не се чувствувал добро - психички и физички, тој уверува дека неговата благодарност кон животот е искрена и подлабока, сега, откако ги минал сите низ тешки периоди. - Луѓето не ми веруваат кога велам дека го сакам животот... Мојот живот сега е смирен и, всушност, навистина добро се забавувам, вели Мајкл. Нему му беше дијагностицирана Паркинсонова болест во 1991 година, а тој јавно проговоре за тоа 1998 година. Скоро потоа ја основа Фондацијата „Мајкл Џ. Фокс“, којашто прибира милиони долари за финансирање на истражувањата околу оваа болест. си/

Остани поврзан