Машинган Кели вторпат се подготвува да биде татко
- Американскиот рапер кој со глумицата Меган Фокс повторно се „поранешни“, а таа е бремена со нивното прво заедничко бебе, сподели порака до своето второ дете.

Лос Анџелес, 19 февруари 2025 (МИА) - Американскиот рапер Машинган Кели кој со глумицата Меган Фокс повторно се „поранешни“, а таа е бремена со нивното прво заедничко бебе, сподели порака до своето второ дете.
„Вашето минато не е вашата цел - вашиот приоритет е пред вас. Црквата беше толму на време денеска“, напиша 34-годишниот музичар, кој е татко на 15-годишна ќерка - Кејси, со поранешната партнерка Ема Кенон. На својата Инстаграм-приказна, покрај црковниот кадар, тој додаде емотикони со бебешко шишенце и маж кој држи бебе. - „Не можам да чекам“, додаде Кели.
Меган ја објави својата бременост во ноември - двата месеци откако беше објавено дека музичко-актерската двојка повторно раскинале. Ниту еден од нив не ја потврди разделбата, но не ги ни порекнаа тие наводи. си/
Фото: МИА архива