Мачадо: Се надевам дека Венецуела конечно ќе биде слободна
- „Им кажувам на сите граѓани на светот во овој момент дека се надевам дека Венецуела ќе биде слободна и дека ќе стане бастион на надежта и демократијата“, изјави Мачадо на прес-конференција во Осло.
Осло, 11 декември 2025 (МИА) - Добитничката на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, изјави дека се надева дека Венецуела „конечно ќе биде слободна“.
„Им кажувам на сите граѓани на светот во овој момент дека се надевам дека Венецуела ќе биде слободна и дека ќе стане бастион на надежта и демократијата“, изјави Мачадо на прес-конференција во Осло.
Таа додаде дека „мирот е најголемиот чин на љубов“ и дека ја добила Нобеловата награда „поради љубовта на милиони венецуелски граѓани“, објавува денеска порталот на британскиот весник Гардијан.сд/ссм/
фото: ЕПА