• недела, 22 декември 2024

Мата потпиша за Сиднеј: Едвај чекам да се вратам на теренот

Мата потпиша за Сиднеј: Едвај чекам да се вратам на теренот

Сиднеј, 14 септември 2024 (МИА) - Светскиот шампион Хуан Мата вели дека едвај го чека враќањето на терените со Вестерн Сиднеј Вондерерс, откако пристигна во Австралија за да се приклучи на клубот од А-лигата. Поранешниот плејмејкер на Манчестер Јунајтед и Челси потпиша едногодишен договор со клубот и сака да игра редовно, откако минатата сезона се појави само 10 минути во дресот на јапонскиот Висел Кобе. 

-Навистина со нетрпение очекувам да бидам на теренот. Му кажав на тренерот дека навистина со нетрпение очекувам повторно да ја допрам топката, да тренирам со моите нови соиграчи и се чувствувам добро. Уверен сум дека се ќе биде во ред оваа сезона. Само сакам да уживам во фудбалот. Сакам да давам се од себе за тимот. Секој ден на тренинзите сакам да покажам високи стандарди, професионализам и целото мое искуство и знаење за играта и секако, сакам да покажам добар фудбал, изјави 36-годишниот играч од средниот ред за австралиските медиуми.

Мата се приклучи на тимот на Вондерерс кој се обидуваше да освои трофеи во последните кампањи. Тимот беше крунисан за шампион во својата дебитантска сезона во 2013 година и триумфираше во азиската Лига на шампиони една година подоцна, но оттогаш се мачи, завршувајќи на седмото место од 12 екипи минатата сезона во Австралија. 

Сепак, една деценија без успех не го намали ентузијазмот кај навивачите на клубот, а десетици симпатизери облечени во „црвено-црно“ дојдоа на аеродромот во Сиднеј да го пречекаат Мата, кој е светски шампион со Шпанија од 2010 година.

-Ја сакам оваа игра и сè уште сакам да бидам на теренот“, додаде Шпанецот, кој се надева дека ќе дебитира против Сиднеј ФК на првиот ден од кампањата во А-лигата на 19 октомври. дс

Фото: Фејсбук/Вестерн Сиднеј Вондерерс

Остани поврзан