• недела, 22 декември 2024

Мастер клас со Иан Рочин и Боби Мојсовски

Мастер клас со Иан Рочин и Боби Мојсовски
Скопје, 17 септември 2022 (МИА) - Како се прават дигитални игри на другата страна на светот? Што е актуелно во Америка, а што во Азија? Што значи да имаш издавач кој инвестира во твојата игра? Ова се само дел од прашањата за кои ќе се дискутира денеска на мастер-клас предавањата во Универзитетот за информатичка наука и технологија „Св. Апостол Павле", Охрид. Предавачи ќе бидат Иан Рочин од Рио де Жанеиро, Бразил, претседател на интернационалниот натпревар „Game Jam Plus“ и Боби Мојсовски од Охрид, основач на „MystiveDev“ и гејм девелопер на „Mirror Forge“. Главната цел е да се промовираат младите гејм девелопмент тимови, да се обучат како професионално да работат, да се поврзат со инвеститори и да им се овозможи да ги издадат своите игри.свс/са/ .

Остани поврзан