Мастерс турнир на нова локација
- Официјално е потврдено дека во Саудиска Арабија ќе се одржува Мастерс турнир
Монте Карло, 23.октомври 2025 (МИА) – Официјално е потврдено дека во Саудиска Арабија ќе се одржува Мастерс турнир. Од 2028 година покрај турнирите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим, Торонто/Монтреал, Синсинати, Шангај и Париз најдобрите тенисери и тенисерки ќе играат на 10-ти турнир од серијата 1000.
Саудиска Арабија покажа вистинска посветеност на тенисот, не само на врвно ниво туку и за развојот на спортот на сите нивоа, изјави Андреа Гауденци, претседател на АТП.
Саудиска Арабија е организатор на ВТА финалето и АТП Next gen турнирот, а ова е само уште еден чекор кон популаризација на овој спорт во државата. Уште не е познато во кој термин од календарот ќе биде вметнат овој турнир, како ни каде би се одржувал. мн/
Фото: ЕПА