• понеделник, 23 декември 2024

Масовниот убиец Брејвик ќе има сослушување за условна казна

Масовниот убиец Брејвик ќе има сослушување за условна казна
Осло, 18 јануари 2022 (МИА) - Норвешкиот суд оваа недела ќе го сослуша масовниот убиец Андерс Брејвик за да објасни зошто верува дека треба да биде ослободен од затвор откако поминал повеќе од една деценија зад решетки. Брејвик, екстремно десничарски екстремист, уби 77 луѓе во најголемото злосторство во Норвешка во јули 2011 година. Тој уби осум лица со автомобил-бомба во Осло, а потоа 69 лица, главно тинејџери во младински камп на Лабуристичката партија. Брејвик, кој сега има 42 години, отслужува максимална казна од 21 година во Норвешка, која може да биде продолжена на неодредено време доколку се смета за континуирана закана за општеството. Судот „Телемарк“ во Скиен, југозападно од главниот град, каде Брејвик ја отслужува својата казна, ќе започне сослушување во вторник, откако државното обвинителство во Осло минатата година го одби барањето на Брејвик за предвремено ослободување. Европскиот суд за човекови права ја отфрли подоцнежната жалба. паг/      

Остани поврзан