• понеделник, 23 декември 2024

Маск: „Тесла” и „Спејс-Икс“ под силен инфлациски притисок

Маск: „Тесла” и „Спејс-Икс“ под силен инфлациски притисок
Лос Анџелес, 14 март 2022 (МИА) - Извршниот директор на „Тесла инк“, Илон Маск, соопшти дека американскиот производител на електрични автомобили и неговата ракетна компанија „Спејс-Икс“ се соочуваат со значителни инфлациски притисоци врз суровините и логистиката. На Твитер, Маск ја сподели загриженоста за изгледите за брза инфлација и рече дека неговите компании „не се сами во тешкотиите“, цитирајќи напис во кој се вели дека конфликтот меѓу Украина и Русија ги доведе цените на суровините на највисоките нивоа од 2008 година. Руската инвазија на Украина ги зголемува цените на металите што се користат во автомобилите, од алуминиум до паладиум и висококвалитетен никел. Иако металите сѐ уште не се предмет на санкции од Западот, некои автоделови и добавувачи се воздржуваат од руски суровини, со што се врши голем притисок врз производителите на автомобили кои и онака веќе се погодени од недостигот на проводници и од повисоките цени на енергијата.  си/сд/

Остани поврзан