• петок, 22 ноември 2024

Маск сака зградата на Твитер да биде засолниште за бездомници

Маск сака зградата на Твитер да биде засолниште за бездомници
Лос Анџелес, 11 април 2022 (МИА) - Двајцата најбогати луѓе во светот, Џеф Безос и Илон Маск, изнесоа мнение за решавање на дел од проблемот со бездомниците... Имено, тие предложија седиштето на компанијата „Твитер“ да се претвори во прифатилиште. Основачот на платформата за интернет-купување „Амазон“ - Безос, притоа потсети дека во мај 2020 година, осум ката од седиштето на „Амазон“ во Сиетл биле претворени во дом за бескуќници, и дека тоа било голем успех и им ја олеснило работата на помагателите доброволци. Според Безос, и дел од седиштето на Твитер во Сан Франциско , ако не и цела зграда, треба да се претвори во засолниште за бездомниците. Маск се сложи и оцени дека тоа е „одлична идеја“ во своја објава на Твитер. Милијардерот, кој има над 81 милион следачи на Твитер, во саботата покрена анкета за овој предлог. За помалку од 24 часа, повеќе од милион луѓе учествуваа во анкетата и околу 90 отсто гласаа „за“. Познато е дека Маск честопати се шегува во своите Твитер-објави, но овојпат, сепак, експлицитно нагласи дека не се шегува и оти е сериозен во врска со ова.  си/сд/

Остани поврзан