• понеделник, 23 декември 2024

Маск: Близу сме до петтото ниво на самоуправувачко возење

Маск: Близу сме до петтото ниво на самоуправувачко возење
Лос Анџелес, 9 јули 2020 (МИА) - Сопственикот на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск денеска изјави дека неговата компанија е многу блиску до петтото ниво на технологијата за самоуправувачко возење, односно управување со возилата без учество на возач. - Јас сум крајно убеден дека петтото ниво, односно суштината на потполно самоуправување, ќе стане реалност и мислам дека тоа ќе се случи многу наскоро... Сè уште сум убеден дека ќе ги завршиме основните функции за петтото ниво на автономија оваа година, рече Маск во видеоврската на отворањето на годинашната Светска конференција за вештачка интелигенција во Шангај. Сепак, претставниците на автомобилската индустрија посочуваат дека ќе биде потребно повеќе време за да се постигне целосна подготвеност на оваа технологија, како и потполна доверба на јавноста во неа.  си/

Остани поврзан