• понеделник, 23 декември 2024

Мартин Скорсезе ќе снима нов филм со Ди Каприо

Мартин Скорсезе ќе снима нов филм со Ди Каприо

Лос Анџелес, 3 август 2022 (МИА) - Американскиот режисер Мартин Скорсезе и Леонардо ди Каприо планираат нова соработка, по филмовите „Бандите на Њујорк“ (Gangs of New York), „Авијатичарот“ (The Aviator), оскаровскиот „Покојните“ (The Departed), „Островот Шатер“ (Shutter Island) и „Волкот од Волстрит“ (The Wolf of Wall Street).

[caption id="attachment_1755126" align="alignleft" width="920"]Мартин Скорсезе Мартин Скорсезе[/caption] Следниот проект на дуото е историска драма за опстанокот, сместена на брегот на Јужна Америка, во средината на 18. век. Приказната раскажува за британски воен брод кој ќе се насука на осамен остров близу на Чиле, каде што во суровата борба за живот, екипажот гладува, па се случуваат убиства и бунтови... Правата за филмот ѝ припаѓаат на стрим-платформата „Епл“. Филмот е заснован на книгата „Облогот: Приказна за еден бродолом, бунт и убиство“ (The Wager: A Tale of Shipwreck, Mutiny and Murder), од американскиот писател Дејвид Гран. Претходно, идната 2023 година, Ди Каприо и Скорсезе ќе бидат актуелни со филмот „Убијците на Цветната Месечина“ (Killers of the Flower Moon), исто така заснован на книга на Гран.  си/сд/

Остани поврзан