Марсијал се понудил на Интер
- Антони Марсијал е на пат да го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч и дал понуда до Интер, според медиумските шпекулации.
Милано, 7 април 2024 (МИА) - Антони Марсијал е на пат да го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч и дал понуда до Интер, според медиумските шпекулации.
„Нероазурите“ се на пат да ја освојат својата 20-та титула во Серија А, моментално со 14 бода предност на врвот на табелата и стигнаа до финалето на Лигата на шампионите минатата сезона. Покрај тоа, тие веќе се квалификуваа за Светското клупско првенство во 2025 година во новиот проширен формат.
Дефинитивно им требаат напаѓачи, особено затоа што Алексис Санчез и Марко Арнаутовиќ во никој случај не е гарантирано дека ќе останат.
Според „Газета дело Спорт“, Марсијал се понудил на Интер знаејќи дека клубот има ограничен буџет за трансфери. Марсијал има 28 години и потпиша со Манчестер Јунајтед во 2015 година.
Тој никогаш не ги оправда очекувањата во „црвените ѓаволи“, а клубот нема намера да ја искористи опцијата за продолжување на договорот, па на крајот на јуни ќе стане слободен играч.
Поранешниот француски репрезентативец постигна два гола и даде една асистенција на 19 натпревари оваа сезона, но се бореше со повреда на препоните што го сопре неговиот јануарски трансфер во Марсеј, Фенербахче или тим во Саудиска Арабија. дс
Фото: Архива