• сабота, 20 април 2024

Мароко прв пат во историјата го совлада Бразил

Мароко прв пат во историјата го совлада Бразил

Танжер, 26 март 2023 (МИА) – Четвртопласираната репрезентацијата на последниот фудбалски Мундијал, Мароко, продолжи со импресивните настапи, совладувајќи го во пријателски натпревар Бразил со 2-1.

Мароканците на саботниот дуел во Танжер поведоа во 29 минута, а Бразил го израмни резултатот во 67 минута со голот на Касемиро. Победата на Мароко ѝ ја донесе Сабири во 79 минута.

Поразот ги продлабочи проблемите во бразилската репрезентација, која по елиминацијата во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, е во потрага по нов селектор.

За Мароко ова беше прва победа во историјата над Бразил. ег/

ФОТО: Твитер

Остани поврзан