• петок, 12 декември 2025

Марк Руте во еднодневна посета на Германија

Марк Руте во еднодневна посета на Германија

Брисел, 11 декември 2025 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска престојува во еднодневна работна посета на Германија, соопшти Прес-службата на Алијансата.

Според најавите, предвидено е Руте во Берлин да се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц, како и со министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул.

Покрај ова, во попладневните часови, Руте ќе има воведно обраќање на настанот насловен „Минхенска безбедносна конференција во Берлин“. сп/ми/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан